Вести Македонија

Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајка на булеварот „Киро Глигоров“

Загина 53 годишно лице во сообраќајна несреќа што утринава се случила на булеварот „Киро Глигоров“. Друго со повреди е пренесено во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Сообраќајката во МВР е пријавена утринава во 6 часот и 10 минути. Според информациите од надлежните до несреќата дошло откако на возилото со скопски регистарски ознаки со кое управувал сега веќе загинатиот му пукнала гума по што на помош дошло второ лице, 29 годишно момче. Додека се обидувале да ја променат гумата во нив удрило трето патничко моторно возило управувано од 18 годишник од Скопје кој по ударот го напуштил местото на несреќата но потоа се вратил но без возилото.

На местото на несреќата полициски екипи извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе