Вести Македонија

Достоинство му ја даде довербата на Ангелов за уште четири години

Досегашниот лидер на Достоинство и единствен кандидат за претседател Стојанче Ангелов на денешниот конгрес на партијата беше реизбран да ја предводи уште четири години.

Во својот отчет Ангелов се осврна на појавата и улогата на Здружението Достоинство кое беше формирано во 2007 година како здружение на македонските бранители чија цел беше решавање на напластените проблеми како и борба за правата на бранителите, воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите бранители.

На конгресот избрани беа и генерален секретар и извршен комитет на партијата, а беше усвоен и нов партиски Статут.

За Генерален секретар беше реизбран досегашниот генерален секретар Драган Василевски.

По изборот за претседател на Достоинство, Ангелов пред присутните делегати и пријатели ги образложи планот и програмата на Достоинство за следниот 4 годишен период од кои посебно се издвојуваат заложбите за:

– Промена на изборниот модел, Македонија една изборна единица;

– Развој на демократските процеси во Македонија;

– Владеење на правото и правна држава;

– Борба против корупцијата и организираниот криминал;

– Влез на Република Северна Македонија во Европската Унија;

– Понатамошен развој на Армијата во модерна и ефикасна армија;

– Модерна и ефикасна полиција за успешна борба против сите видови на криминал;

– Јакнење на системот на националната безбедност;

– Јакнење на системот на цивилната заштита, кризниот менаџмент и менаџментот на инциденти;

– Позитивна а не етничка и партиска селекција;

– Унапредување на правото на различно мислење и борба против омраза, осуда и напади предизвикани поради искажано различно мислење;

– Намалување на омразата и помирување помеѓу Македонците како и продолжување на процесот на меѓуетничко помирување помеѓу Македонците и Албанците.

Иако односот на Бугарија кон Македонија и Македонците е исклучително нечесен и провокативен, во име на повисоката цел, интеграција во ЕУ и надминување на условениот почеток на преговорите за членство во ЕУ, Ангелов изрази поддршка за влез на Бугарите во македонскиот Устав.

За односот на државата кон бранителите Ангелов изрази генерално незадоволство од сите досегашни власти.

Информираше и за иницијативата која вчера партијата ја доставила до Владата за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители како и триесетина воени инвалиди кои сеуште не се обесштетени.

Во завршните зборови напомена дека Достоинство на следните парламентарни избори ќе учествува во коалиција единствено доколку партијата добие добитно пратеничко место и влез во републичкото Собрание. Во спротивно најави самостоен настап на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се одржат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе