Вести Македонија Топ вести

Утре во 10 часот ќе почне повлекување на автобусите кај Црвен крст и Мавровка, „Илинденска“ ќе остане блокирана

Оваа ситуација каде што полицијата дава предност на бремена жена да помине од утре повеќе нема да се повтори. Не само таа девојка, туку и сите граѓани од утрешниот ден веќе нема да запаѓаат во гужви, свирежи, нервози и доцнење.

„Утре во 10 часот почнува повлекувањето на автобусите од крстосниците кај Црвен крст и кај Мавровка. Булеварот Илинденска останува блокиран од Владата до крстосницата кај Мида во сите 4 коловозни ленти. Нови блокади ќе има кај бараките на Град Скопје“, велат приватните превозници.

Приватните превозници искординирани одлучиле во текот на утрешниот ден да ги запрат блокадите на веќе постоечките крстосници и да ги дислоцираат, но тоа не значи дека нивниот револт е намален.Токму спротивно револтот секојдневно расте и се насочува кон управата на град Скопје.

Превозниците ја обвинуваат градоначалничката дека е виновник за тоа што мора да го трпат граѓаните на град Скопје, за тоа што тие не се исплатени и за хаосот во сообраќајот.

Возачите револтирани велат дека се гладни и задолжени и ќе побараат помош од сите надлежни институции, па дури и од премиерот.

Денеска е веќе четврти ден како приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ ги блокираат клучните централни булевари. Тие превозници возат на 15 градски и приградски линии и повеќе од месец дена се во судир со градските власти поради долг од над 1,5 милион евра. Станува збор за средства кои ЈСП треба да им ги исплати на приватниците за плати и режиски трошоци.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе