Вести Македонија Топ вести

Опозицијата бара нови луѓе за борба со корупцијата

Опозицијата бара нови луѓе за борба со криминалот и корупцијата. ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците очекуваат корумпираните да се именуваат и да завладее правната држава.

Христијан Мицкоски посочи дека со овие појави не можат да се борат оние што 20 години се на власт, а ги нарече „креатори на корупцијата и сојузници на криминалците“.

Мицкоски смета дека корупцијата ја празни државата од младите луѓе и станува одговорна за уништувањето на нацијата.

Арбен Таравари побара корупцијата да се казнува, правосудниот систем да се департизира и да прекине системското заробување на судството од политиката.

Алијанса предлага шок терапија и пакет закони за бескомпромисна борба со корупцијата: закон за ветинг на судиите и обвинителите, конфискација на криминално стекнат имот, спречување на непотизам, проверка на интегритетот и дуплирање на средствата за институциите што се вклучени во оваа борба.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе