Вести Македонија Топ вести

Јашари во „Топ тема“: Никогаш не сум искористил дискреционо право додека бев министер за правда

Додека бил министер за правда, никогаш не го искористил дискреционото право да дозволи некому предвреме да полага правосуден испит, тврди поранешниот министер за правда, Аднан Јашари во вечерашната „Топ тема“.

„Најодговорно тврдам дека додека сум бил министер, во ниту еден случај не сум се повикувал на такво право. Тргнувајќи од анализите што ги направив, од 1988 година и првиот закон за правосуден, се до последниот во 2019 година, сите закони на сите министри им давале такво право“, вели Јашари.

Во член 4 од новиот закон од 2019 година, посочи тој, е нагласено дека се забранува предвремено полагање на правосуден испит.

„Во нашиот Устав, во член 8, во кој се зборува за темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија, во став 2 се вели дека во Република Македонија слободно е се што со Устав и закон не е забрането. Министрите во одредени периоди, јас не знам кој го има користено, се повикуваат на член затоа што нема забрана, но јас го немам искористено“, одговори Јашари на новинарското прашање на новинарката Фросина Факова Серафиновиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе