Вести Македонија

Во Тетово ниту едно училиште не аплицирало за субвенционирана струја

Ниту едно од 12-те основни и 5-те средни училишта во Тетово не поднесе барaње за снабдување со поевтина електрична енергија на регулираниот пазар по цена од 95 евра. Сите ќе плаќаат сумa над 400 евра по мегават час. На прашањата на Телма зошто не аплицирале, се жалат дека процедурата e прекомплицирана, а од Секторот за јавни дејности во Општинатa, пак, директори ги правдаат и велат дека и така разликата во цената на струјата не е голема.

И во Битола има 17 училишта. Од Општината посочија дека само средното земјоделско училиште не аплицираше за поевтина струја во ЕСМ, а директорот пак тврди дека поднел барање минатата недела, со што ова училиште на регулиран пазар ќе се префрли од јануари.

Од општина Штип сите училишта аплицираа за субвенционирана електрична енергија.

Сите директори на училиштатат во Штип веќе склучија договори со ЕСМ за цена на електрична енергија на регулиран пазар, нашата обврска е веќе проследена, вели градоначалникот Иван Јорданов.

Од општина Прилеп за Телма потврдија дека сите училишта аплицираа за субвенционирана електрична енергија, а исто така и училиштата во Струмица побарале да се вратат на регулираниот  пазар.

На време се информирани сите директори, верувам дека обврската си ја завршија, добро е ако се продолжи тој рок. Доколку некое училиште не аплицирало од оправдани причини, секако дека ќе го сториме тоа, вели градоначалниот на Струмица, Костадин Костадинов.

Од 470 основни и средни училишта само половина се пријавија да се снабдуваат со поевтина струја. Оние кои аплицирале по 23 ноември, ќе добијат електрична енергија по повластена цена од 1 јануари.

Тоа е проблем што директорите на училиштата не ја испочитувале обврската. Ние ќе им овозможиме дополнително да се вклучат, но на овој начин се губат непотребно пари, се плаќа поскапа енергија при можност да платат помалку, вели министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Засега од ЕСМ не откриваат кои се училиштата со мрзеливи директори кои не аплицирале за да добиваат електрична енергија од регулираниот пазар, по неколкукратно поевтина цена, со што од општинските буџети ќе се плаќаат огромни сметки за струја за нив.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе