Вести Македонија

Неповолно мислење за финансиските извештаи на градот

Црвена опомена за град Скопје од државните ревизори. Изразуваат „неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, за сметката на минатогодишниот буџет но и за усогласеноста со законите и воспоставените политики. При направената ревизија, утврдено е дека регистерот на недвижен имот не е ажуриран, не се наплаќаат на време даноците на имот и комуналните такси, не е утврдено колку се стари побарувањата и не се собира приход од одржувањето на градското зеленило и јавната чистота. Како клучна системска слабост се наведува тарифникот за комуналната такса за користење улици и патишта и одржувањето јавно осветлување.

Позитивно мислење доби сметката на расходи на дотации, иако се бележат неправилности во спроведувањето јавни набавки а во годишните програми не се планираат преземените обврски од претходната година.

Ревизорскиот извештај посебно се осврнува на состојбите со професионалните пожарникари: нивниот број е под законскиот минимум, нивното финансирање е непрецизно, а наменските дотации што ги добива општината се недоволни за покривање на нивните плати. Ова укажување претставува и одговор на информацијата од градот дека во февруари годинава е побарано вработување на 25 нови пожарникари бидејќи градот и поширокото подрачје го покриваат само 202-ца пожарникари иако законскиот минимум е 384.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе