Вести Македонија

Почина поранeшниот пратеник Сашко Костов од Кочани

На 50-годишна возраст денеска ненадејно почина поранешниот пратеник Сашко Костов. Од Општата болница во Кочани потврдија дека околу 10:30 часот Костов бил донесен во критична здравствена состојба по доживеан срцев удар додека бил на судско рочиште во Основниот суд.

Костов беше пратеник од редовите на СДСМ во претходниот пратенички состав на македонското Собрание. Тој е магистер на правни науки, а по завршувањето на пратеничкиот мандат работеше како адвокат. Беше татко на три малолетни деца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе