Вести Македонија

Бензините од полноќ ќе поевтинат за денар до денар и половина, цената на дизелот останува иста

За денар до денар и половина ќе поевтинат бензините од полноќ, цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Цената на Еуросупер БС-95 се намалува за 1,50 денари, а за еден денар на Еуросупер БС-98. За еден денар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,361 денари по килограм.

Согласно новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 83 денари за литар, Еуросупер БС-98 по цена од 85,5 денари за литар. Цената на дизелот останува 84,5 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 81,5 денари за литар, а мазутот ќе се продава по цена од 42,171 денар за килограм.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе