Вести Македонија

4-ца пешаци тешко повредени во сообраќјни несреќи за викенд

Двајца пешаци во Скопје и двајца пешаци во Битола викендов се повредени во три различни сообраќајни несреќи.

Тројца од нив имаат тешки и сериозни повреди, извести МВР преку своите дневни билтени. Повредените се на возраст од 29 години, 51, 52 и 54 години. Возачите кои ги прегазиле пак се на 28-годишна возраст (во Битола прегазил брачна двојка), на 51-годишна и 54-годишна возраст. Полицијата извршила увид по несреќите, а дополнително ќе соопшти.

Еве ги извадоците од билтените:

На 03.12.2022 во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(38) од Скопје, удрило во пешакот И.В.(51) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 03.12.2022 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(54) од Скопје, удрило во пешакот Р.С.(29) од Скопје. Во несреќата, Р.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 04.12.2022 во 22.03 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.,,Добривоје Радосавлевиќ“ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Т.(28) од Битола, удрило во пешаците В.П.(54) и И.П.(52) од Битола. Во несреќата, В.П. се здобил со тешки телесни повреди, а И.П се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе