Вести Македонија

Продолжува борбата на активистите против изградбата на малите хидроцентрали на Блатешница и Мала река

Жителите и граѓанските активисти од Кочани и Виничкото село Блатец ја продолжуваат битката против изградба на малите хидроцентрали. Инвеститорите засега мируваат на терен, но активистите се подготвени по секоја цена да ја стопираат изградбата на малите хидроцентрали на реките Блатешница во виничко Блатец и Мала река кај кочанската брана Гратче. Забележуваат ставајќи ги реките во цевки ќе се случи еколошка катастрофа, а на жителите од Блатец ќе им се загрози и водоснабдувањето, токму заради тоа отпорот и продолжува.

Но, во пробиштипското село Турско Рударе на малата река Штакловица е изградена мини хидроцентралата, жителите на селото велат дека од договорот со концесионерот е исполнето само барањето да не се загрози водоснабдувањето, додека цевковод за наводнување на нивите и санација на патот не се реализирани.

Ваквите битки се долги и а макотрпни за месното население смета Весна Коловска новинар и активист од Здружението Медиа плус, кое изминатиот период им помагаше на активистите од Пробиштип, Кочани и Виница.

Проблеми со малите хидроцентрали има и во Националниот парк Маврово,  Комитот на Бернската конвенција донесе нова одлука  да побара од нашата Влада да ги раскине преостанатите концесии за мали хидроцентрали, како прв чекор кој ќе го забрза процесот на репрогласување на паркот Маврово.

Како позитивен пример го посочуваат раскинувањето на договорот за изградба на седум хидроцентрали во новиот парк Шар Планина.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дијаспората гласа за претседател

Дејан Дејан

Путин по петти пат стана претседател на Руската федерација

Дејан Дејан

Утре на гласање само еднаш, на гласачките места по две кутии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе