Вести Македонија Топ вести

Горивата ќе нѐ отрујат – екологистите со црни прогнози за аерозагадувањето

Увезен јаглен со сомнителен квалитет, активирање стари капацитети за производство на струја, опасност од горење нееколошки енергенси во печките на скопските топлани. Во сѐ од ова екологистите гледаат страшно сценарио по воздухот кој го дишеме сите. Уште поголемо и полошо загадување нѐ очекува во следните два до три месеци, прогнозираат од невладината Еко-свест.

Последно е тоа што најавија дека скопските топлани потенцијално може да се префрлат да работат на дизел наместо на гас заради тоа што имало некои несигурности во однос на снабдувањето со гас. Последиците најмногу се препознаваат по аерозагадувањето меѓутоа и пораката којашто ја испраќаат е погрешна. Испраќаат порака дека сѐ е дозволено додека ние си обезбедуваме топлина и струја, вели Давор Пехчевски од „ЕКО – свест“.

Надлежните апелираат – користете гас. А, гас може и да нема ама сигурно е дека ќе има казни за употреба на нееколошки горива – вакви се најавите директно од Животна средина. Казнената политика не е долгорочно решение и потребна е стратегија, а Македонија каска во спроведувањето на целите ставени на хартија. Ова и досега го коментираа невладините, а според Пехчевски од Еко-свест – веќе предоцна е за мерки годинава.

Последиците по јавното здравје ќе бидат огромни, а и во моментов се. Со години наназад ние сме во првите три најзагадени земји во Европа, а според анализите на Европската агенција за животна средина имаме 3-4 илјади предвремени смртни случаи само од аерозагадување, тврди пехчевски.

Овие страшни статистики не ја покажуваат целосната слика и не се одраз на сите отрови кои ги дишеме во воздухот туку само според неколку параметри, брифираат активистите. Во меѓувреме, Скопје денес се најде на 27 позиција на најзагадени светски градови.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе