Вести Македонија

Ескобар: Македонија е добар и посветен партнер и ќе донесе придобивки и за ЕУ

Македонија ги направи сите неопходни реформи за да ја отвори првата врата кон ЕУ, а граѓаните имаат капацитет да го направат тоа што треба за земјата да стане полноправна членка на Унијата, изјави Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан.

На настан посветен на евроатлантската иднина на регионот одржан синоќа во Атлантскиот совет во Вашингтон, тој изјави дека Македонија е добар партнер на САД, и билатерално и во НАТО

Ескобар исто така смета и дека процесот на пристапување треба да биде побрз, потенцирајќи ги внатрешните грижи во Унијата.

Има гласачи кои навистина се грижат што би направило проширувањето за нив. И мислам дека тоа е работа за сите нас да ги убедиме дека Европската Унија ќе биде посилна и ќе биде попросперитетна со овие земји, рече Ескобар, алудирајќи на Северна Македонија и Албанија.

Ескобар рече дека кризата во Украина само ја покажала зголемената итност за решевање на проблемите во регионот, како оние меѓу Србија и Косово, како и потребата да се забарзаат процесите што ќе го придвижат регионот во вистинската насока.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе