Вести Македонија Топ вести

Давитковски: Уверенијата за незаконски положен правосуден испит лесно можaт да се поништат

Не постои никаква правна пречка, стекнатите дипломи и уверенија за предвреме положен правосуден испит на незаконски начин, да се поништат. Правниците појаснуваат дека, решенијата имаат својство на управен акт и сите правни последици по утврдувањето дека актот е ништовен, се ништовни. Не треба никаков декрет, затоа што Болоњскиот систем си предвидува правила, исто како и законот за правосуден испит.

Проблемот, според професорот,  е во Mинистерството за правда кои не го примениле законот. Вели дека, згрешиле што на студентите од Штуловиот универзитет им дозволиле да полагаат правосуден испит, иако не ги исполнувале условите, а објаснувањето дека не чуваат документација, не е основано и значи дека не се почитувал ниту Законот за архивско работење.

Професорот е изненаден и од тоа што Антикорупциската комисија ја отвори и затвори постапката со објаснување дека немаат документација. Вели дека, сигурно некаде има податок за тие сертификати, кои се јавни исправи, а документацијата за нив мора да се чува трајно.

Појаснува и дека, министерот немал никакво дискреционо право да одобрува предвремени полагања, такво нешто нема во законот. Тоа што се случувало, вели, е класична злоупотреба на службена положба.

Давитковски нагласува и дека, обвинителството мора по допрен глас да покрене обвинение. Но, тие засега немаат намера да го сторат тоа.

Јавното обвинителство ги следи сите информации и доколку утврди дека постојат елементи на кривично дело во наведениот настан, ќе постапи согласно своите законски надлежности, велат од ЈО.

Државниот просветен инспекторат на барање на Антикорупциската комисија утврдил дека во Штуловиот универзитет во Тетово на 449 лица им се издадени дипломи со звање што го добива дипломиран правник со четири студиски години, но со број на кредити како правниците со три години. Меѓу тие на кои подоцна им е дозволено предвреме да полагаат правосуден испит е и синот на Талат Џафери, Барлет, кој овој месец се очекува да ја заврши Академијата за судии и јавни обвинители. Претседателот на Собранието деновиве ги избегнува новинарите, а тоа го стори и денеска.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе