Вести Македонија

Арсовска и денеска не ги прими приватните превозници кои ја блокираа „Илинденска“

Ниту блокадите на „Илинденска“ не успеаа да ги седнат на маса приватните превозници и Градот Скопје да го решат проблемот што дополнително им отежнува на граѓаните да стигнат до своите работни места и домови.

Приватните превозници бараат средба – градот ги одбива. Превозниците продолжуваат со протести, од Град Скопје апелираат да се откажат од блокадите. Пинг-понг игра во која граѓаните трпат, а страните никако да се договорат.

Централното градско подрачје утринава беше под блокада на приватните превозници кои веќе две недели бараат средба со Арсовска, за да разговараат за надминување на проблемот со милионскиот долг. Велат подготвени се веднаш да продолжат со работа доколку се најде решение. Иако договорот им е рскинат повторно дадоа рок за средба со првиот менаџер на градот.

И додека страните си ја префрлаат топката кај кого лежи вината за настанатата состојба во јавниот превоз, граѓаните со денови се соочуваат со редусиран возен распоред кој пак е причина за големи гужви на автобуските постојки и неможност граѓаните навреме да стигнат на своите работни места.

Приватните превозници „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ го поврзуваат едниот со другиот дел на градот Скопје со 15 автобуски линии.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе