Вести Македонија

Пенов: Потребни се промени во Законот за територијална организација, но политичката атмосфера е тешка

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, во вечерашната емисија Вин Вин на Телма соопшти дека се работи на реформа на Законот за територијална организација, но во моментов политичката ситуација е прекомплицирана за да се отвори дебата во јавноста за тоа.

Политичката атмосфера е тешка за такво прашање, и да се стави на маса за дебата. Блокиран парламент, теми кои распалуваат бугарски прашања, двојазичност, рече Пенов.

Осврнувајќи се на протестите на приватните превозници во Скопје, Пенов смета дека имаат политичка позадина, но исто така смета и дека и владата мора да посвети внимание на тој проблем.

Овој тип на блокади заради економски долгови испишуваат политичка позадина, сите можеме да го видиме „гласот на светлината“ од 2005 година, бидејќи за, не знам, милион евра долг сите скопјани да страдаат и сите што доаѓаат во Скопје, тоа е неразумно. Тоа е веќе друга димензија, тој проблем јас не го решавам, тоа се веќе МВР и другите институции. Но во секој случај создава една голема непријатност за целосното функционирање и ќе мораме да посветиме внимание тоа да го решиме, рече Пенов.

Во врска со состојбата во главниот град изминатиов период, и бројните проекти кои се или заглавени, или воопшто не започнало нивното исполнување, Пенов смета дека потребите на граѓаните на Скопје не смеат да бидат занемарени поради блокади или било какви причини. Вели дека и градоначалничката Арсовска гледа интерес тие проекти да профункционираат.

Веќе со Универзаланта сала тргна процедурата, таму е и најчисто како инсититуција да се преземе, но процесот оди. Парите беа од владата, тоа е објект на културата, може да биде и национална устанува, тоа и била, но ако сакаше да држи блокада, но не одиме на тоа, ние ќе требаше да смислуваме насилни решенија, но тоа не е веќе вкусно, треба од неа дозволи да бараме за градење. Мислам дека во кооперативниот пат што го тргнавме од двете страни ќе изнајдеме заеднички решенија, изјави Пенов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе