Вести Култура

Македонските експерти од албански телевизиски прилог ги идентификувале украдените икони

Историчарот на уметноста, д-р Сашо Цветковски од МАНУ изјави дека македонските експерти случајно, преку телевизиски прилог за запленети икони нелегално внесени во Албанија забележале дека таму се наоѓаат украдени икони од македонските цркви и манастири. Со Договорот за соработка меѓу Албанија и Северна Македонија за враќање на незаконски изнесените икони во земјата на потекло, што беше потпишан вчера, се враќаат 20 икони кои пред десетина години беа нелегално изнесени од земјата, а постапката ќе се финализира по ратификација на Договорот во двете држави.

Во еден период од 2008 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западна и Југозападна Македонија, каде што се однесоа стотици икони. Ние насетувавме, но не бевме сигурни дека патот ќе нѐ води кон Албанија. Во 2013 година откако ги добивме првите информаци, тие беа сосема случајно на медиумите од национална телевизија на Албанија, каде што тогашниот премиер Еди Рама направи увид да се види кои се материјалите кои се запленети. Веќе следниот ден се организираше целата постапка, за во декември 2013 година, мала екипа на професионалци, меѓу кои јас, колеги од МВР, отидовме во Тирана во Галерија на современа уметност, каде што беа депонирани, и наш прв впечаток беше фрапантен. Таму имаше илјадници предмети украдени од различни места од различни предели на Албанија, Грција, Македонија, објасни Цветковски.

Цветковски додаде дека првпат во историјата на нашата држава се потпишува ваков договор и се воспоставува систем на соработка во таа сфера и изрази надеж дека ова ќе продолжи во иднина.

Тој рече дека колегите во Албанија, биле фрапарини од тоа како да го почнат процесот, затоа што немале евиденција за иконите и за целиот инвертар.

Предноста наша беше што помеѓу крајот на 50 и 70 години, тука во Македонија е реализиран проектот „Евиденција и регистрација на недвижно културно наслество“, конкретно за икони, и благодарение на таа евиденција, ги дознавме најосновните потребни податоци. Тогаш идентификувавме 24 илјади икони. Од тогаш навака откако се објавија во 1982 година, ние имаме подготвено уште два тома, веќе 26 илјади икони се тука, а бројката оди накај 30 илјади. Постојано сме активни во овие истражувања, додаде Цветковски.

Како што рече, овие икони се важни како репрезент на едно време од 19 век и она што се творело во доменот на таа културна историја.

Сега, според Цветковски, треба еден сериозен пристап бидејќи дел од нив се оштетени, а на дел од нив се вршени интервенции за бришење на словенски сигнатури и натписи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе