Вести Македонија

Животот го даваме, свињите не ги даваме порачаа кумановските фармери

Животот го даваме, свињите не ги даваме, со ова порака на сред кумановско село Речица, жителите протестираа откако поради африканската чума, државата најави дека ќе им ги уништи свињите без разлика дали се заразени или не.

“Ние самите најмногу сме загрижени за своите деца и за своето здравје. Ако нешто е нездраво и не е во ред прво ние сами како што кажа човекот во неформалниот разговор ќе ги уништиме тие животни не сакајќи да наштетиме на нашето семејство, на нашите деца и никому”-  вели жителка на селото.

Проблемот почнал уште на 3. октомври во село Љубодраг и се уште трае. Жителите на Речица бараат надлежните да ги тестираат сите свињи, а не да наредат уништување на сите животни.

“Ако некое животно е здраво, ако некој човек тоа животно го гледал цела година и ако тој човек чека сега да си го наплати својот едногодишен труд и да дојде некој тук-така да му го земе тоа, тоа нема да оди така лесно”- дополни жителката на селото.

Одгледувачите на свињи велат дека некој од Агенцијата за храна и ветеринарство ги збунил кога им кажал дека свињите ќе бидат уништени за сума околу 20.000 денари за да се спречи ширењето на чумата.

“Tој вели Македонија има месо доволно за да ја исхрани државата и не се потребни овие мали производители на месо. Треба да се заштитат големите фармери”- истакна ПОТПРЕТСЕДАТЕЛот НА МЕСНА ЗАЕДНИЦА РЕЧИЦА.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека оваа болест воопшто не е опасна по здравјето на луѓето, но е фатална за здравјето на свињите.

Цената на свинското месо од септември се зголеми за над 100 денари по килограм, а африканската чума донесе нови проблеми. Болните животни се уништуваат особено во рурални подрачја, каде жителите со одгледување на свињи си обебзедува месо за преку зима.

Предвременото колење на свињити им ја намалува количината на месото за преку зима. За уништените свињи државата треба да  исплати отштета која е под пазарната цена на свињите без да се знае дали ќе бидат исплатени пред зимата или дури догодина.

Мерките особено за здрави свињи предизвикаа револт кај оние што ги чуваат и живеат од нив, а жителите на Речица велат ќе пружаат отпор се додека тоа е во нивна моќ.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе