Вести Македонија

Боки 13 задржан во болница, адвокатот тврди дека стравувањето за неговата состојба се оствари

Боки 13 е задржан на лекување во болницата Св.Наум Охридски откако денеска бил донесен за контролен преглед. Причина за неговото задржување во хирушката клиника е влошување на здравствената состојба вели неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ според кого  се оствариле стравувањата.

Тој посочува  дека влошувањето на здравствената состојба на Бојан Јовановски е поради тоа што во затворот нема елементарни услови за примена на неопходниот здравствен третман за Јовановски .

– Заради сериозноста на состојбата надлежните лекари специјалисти од областа донесоа одлука пациентот да биде итно задржан на болничко лекување. Во лекарскиот извештај на специјалисти од областа е наведено дека ваквото влошување на здравствената состојба е резултат на неспроведувањето на терапијата и медицинскиот третман кај пациентот. На ден 31.10 2022 година ваквата состојба е констатирана и од стручниот колегиум на клиниката за гастрологија, вели адвокатот Туфегџиќ.

Адвокатот минатата недела поднесе барање до директорот на управата за извршување санкции да  дозволи 30 дневен прекин на издржување на казната  за Јовановски поради потреба од  болничко лекување а сега најави и дека утре ќе го дополни ова барањее со најновата медицинска документација  врз основа на која е задржан на болничко лекување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе