Вести Македонија

Жителите на селата во општина Боговиње стравуваат дека нема да имаат огрев за да ја поминат зимата

Имаат свои имоти, но не можат да сечат дрвна маса за огрев од нив, се жалат жители на шарпланинските села во општина Боговиње. Откако Шар Планина е прогласена за Национален парк надлежните не им издаваат дозвола за сеча. Се обратиле до сите надлежни институции, но велат дека не наишле на разбирање.

Не е само кај проблемот. Истиот проблем е во Ново Село, Урвич, Раковец, Новаке, сите околу девет села од општината Боговиње кои гравитираат околу националниот парк. Не знам како ќе тераме зимава, ова е Шара, утре може да заврне снег, може да има две метра снег. Без дрва луѓето не можат да преживеат, се затоплуваат. Луѓето кои овде седат се или пензионери или социјални случаи, немаат секој 100 евра да дадат за платен кубик дрва, а имаат свои дрва, свои плацеви во шумите од дедо од прадедо“, вели Џевдет Халими, жител на село Јеловјане .

 

„Нешто има останато но не ми дозволуваат да го носим. Не иде тракториста да ги товари. Ми бара извозница. А извозница никоја не дава. Бев во шумска полиција, не ми даваат. Викат снајди се. Кај да се снајдам“, вели Сафет Фетаи, жител на село  Урвич.

 

„Ако националниот парк нема луѓе кои би го сработиле тоа. Би било пожелно шумското претријатие да издаде дозволи како што издаваше до прошлата година. Немавме проблеми уназад многу многу години, вели Месут Фејзуловски, жител на Јеловјане .

Од ЈУ Национален Парк „Шар Планина“ велат дека досега немале вработени кои би можеле да ги издаваат потребните доволи за сеча, затоа што чекале одобрение од Министерстовото за финансии. Директорот Ибрахим Дехари информира дека е отворен оглас за прием на шумарски инженер.

Сите технички потребни документи се завршени. Досега не беше регулирано, немаше одобрение од финансии за да отвориме оглас. Тој што има имотен лист да дојде до нашата јавна установа, седиштето ни е во поранешна Жичара Тетово, ќе поднесе барање. Ќе излезе шумарскиот инженер на лице место со уредите, ќе види каква е состојбата. Ако исполнува услови тој веднаш добива дозвола за сеча“.

Ибрахим ДехариДиректор на Национален Парк „Шар Планина“

Ибрахими вели дека за лицата кои имаат имот во зоните на строга заштита, каде е забранета сеча, дрвна маса за нив мора да обезбеди државата.

ДАНИЈЕЛА БИЛБИЛОСКА

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе