Вести Македонија

Се зголемува бројот на онлајн продавници

Се поголем замав зема онлајн трговијата особено последниве 2 години во услови на пандемија.

Податоците на Светска банка, покажуваат дека населението во Македонија на возраст од над 15 години сè повеќе користи мобилен телефон или интернет за онлајн-купување.

Лани, околу 30% од населението кај нас купувало онлајн, додека пред пет години овој процент изнесувал речиси 17 насто.

Но, со растот на е-трговијата, расте и бројот на измамени купувачи.

Законот утврдува дека кога се купува онлајн продавачот мора да се идентификува, да има адреса и број за да може да се купи, а во рок од 14 дена производот да може и да се врати, но многумина не ги знаат своите права кога купуват он лајн и затоа се измамени.

 Само во првата половина на оваа година Македонците потошиле 195 милиони евра кон домашни онлајн продавници, а тоа е вкупно 70 отсто од вкупната вредност на направени онлајн трансакции.

Според податоците со кои располага Асоцијација за е-тровци на Македонија во земјава заклучно со јуни годинава активни се 1.762 витруелни или интернет продажни места. Во вториот квартал на 2022 година се отворени 110 нови виртуелни продавници.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе