Вести Македонија

Клубот „Никола Вапцаров“ останува нелегитимен за бугарските локални власти

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград за бугарските власти и натаму е нелегитимен. Еден ден по отворањето, останува негаторската реторика дека ниту станува збор за културен клуб, ниту  тој може да го носи името на Вапцаров.

„Клубот е нелегитимен затоа што местото на кое се собраа не одговара на Законот за просторно планирање дека е културен центар. Тоа повеќе е канцеларија во која луѓето се собираат на прватна основа. Едноставно, решаваат и се собираат дали во градина, во канцеларија или дома. Така што никако не може да го носи името на културен дом и никако да го носи името на Никола Вапцаров. Тоа едноставно е канцеларија“, изјави Илко Стојанов, градоначалник на Благоевград.

Бугарските медиуми потсетуваат дека организацијата која стои зад отворањето на клубот во Благоевград е регистрирана во Канада и нема никаква врска со властите во Македонија.

Но, ако Македонија отвори државен културен клуб, локалната власт ќе го поддржи.

„Тоа веќе звучи многу понормално. Ако се преземат чекори на државно ниво, Бугарите ќе се радуваат на каков и да е клуб. Имаме културни клубови на Франција, на американскиот универзитет имаме еден куп националности. Така што, можам да ги кажам зборовите на Гоце Делчев дека го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Но, културата значи да нема омраза и да нема напнатост“, додава Стојанов.

Работењето на клубот треба да го следат други органи, вели Стојанов, и додава дека ако има некакви пријави, ќе ги предаде на надлежните органи. Задоволен е што отворањето на клубот помина релативно мирно, но и натаму негира дека во неговиот град има македонско малцинство.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе