Вести Македонија

Ексклузивно интервју на еврокомесарката Јохансон за Телма: Обезбедуваме 52 милиони евра за Фронтекс

Македонија веќе има странски, од други земји, полициски сили на својата граница. Што ќе се смени со Фронтекс? Што ќе биде конкретната работа на Фронтекс на македонската граница?

Ова ќе биде историски чекор. Секако, прво е симболиката на потпишување на договорот на македонски јазик, кој е третиран еднакво како и другите 24 јазици на членките на ЕУ. Но, исто така Фронтекс се ЕУ гранични сили. Тие ќе биде распоредени тука со европско знаме на себе, тоа е одржливо решение, но, секако, тие ќе работат под команда на граничната полиција на Северна Македонија. Но, тоа ќе биде одржливо решение, тоа ќе биде ЕУ решение. Благодарна сум им на земјите кои привремено беа тука да ја поддржат Северна Македонија, но ова е поодржливо и вистинско ЕУ решение кое го имаме денеска.

Дали со Фронтекс на своите граници Македонија ќе биде во можност подобро да менеџира, евентулано, некоја нова мигрантска криза?

Да, секако. И двете – да ја менаџира миграцијата, но, исто така, и да се бори против прекуграничниот криминал. Ние навистина имаме експертиза во Фронтекс кога станува збор за фалсификувани документи, за шверц и на луѓе и на дрога, оружје и други видови на прекугранични криминал. Навистина целта е да се засили ова.

Со договорот со Фронтекс Македонија наверојатно ќе добие средства и опрема за своите полициски сили за да биде компатибилна на евроспките полициски сили…

Да, ние сега обезбедуваме 52 милиони за да го засилиме капацитетот за менаџирање со миграцијата и заштитата на границата. Секако тоа ќе го дополниме и со персонал од постојното јадро на Фронтекс.

Македонија ќе добие помош од Фронтекс, но кои се обврските на Македонија?

Очекувам Северна Македонија да продолжи на патот кон пристапување и да се усогласи чекор по чекор со европските регулативи кога станува збор за спроведување на законите, за владеењето на правото, кога станува збор за борбата против организираниот криминал и корупцијата. Но, распоредувањето на Фронтекс во Северна Македонија е нешто што ние навистина го поддржувавме да се направи и тие ќе работат под команда на граничните сили на Северна Македонија, секако согласно европските регулативи, но секогаш под команда на граничните сили на вашата земја.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе