Вести Македонија

БЕСА не се откажуваат од Бадентер и Балансер

БЕСА не се откажуваат од двата механизми на буквата „б“, содржана и во името на партијата. Бадентер и Балансер, кои опозицискиот лидер побара да бидат избришани, за да се разговара и за бришење на процентот на Албанци во Уставот, што го бараат партиите на Албанците, за нив се неопходни за унапредување на правата на заедниците.

Касами повтори дека тие ги поддржуваат сите активности околу најавените уставни измени. И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека смета оти ќе се постигне мнозинство и уставните измени ќе бидат изгласани. Но, опозицискиот лидер не знае на што таа го темели своето уверување.

Собранискиот спикер на денешниот брифинг со новинарите рече дека партиите треба посериозно да почнат да размислуваат за ова прашање. Иницијативата за промена на Уставот треба да ја поднесат 40 пратеници или  владата, но за да добие одобрение и легитимитет во Собранието, е потребно двотретинско мнозинство. Засега, на координациите со партиите не присуствуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

За разлика од него, претседателот Стево Пендаровски уште еднаш повтори дека не треба да се брза со уставни измени за вметнување на Бугарите во преамбулата на Уставот затоа што има 14 месеци до завршувањето на процесот на скрининг. Дотогаш, вели, може да се детектира и поправи нешто во однос на реформите, а кога тој процес ќе биде при крај, тогаш да се зборува за потребното двотретинско мнозинство.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе