Водата за пиење во Тетово повторно со непријатен мирис и вкус. Ваквата промена граѓаните ја чувствуваат веќе шеста година по ред во есенските месеци.
Доктор Ратко Давидовски од тетовскиот Центар за јавно здравје вели дека според досегашното искуство, нивна претпоставка е дека тоа се случува поради гниење на лисјата во водата на Лешничка река која се добиваме преку филтер станицата. Инаку привичните резултати покажуваат дека водата е безбедна.
„Тој што не може да ја пие, нека не ја пие, нека почека ден два ова ќе помине, поради дождовите и поради вегетацијата настанува интензивен гниеш и доаѓа до промена на мирисот и вкусот на водата. Тие што не можат да ја пијат нека купуваат флаширана, останатите можат безбедно да ја користат. Првичните анализи покажаа дека е безбедна, а ги чекаме конечните“, вели доктор Давидовски.
Озонирање или користење на јагленов филтер е можноста да се отстрани непријатниот мирис и вкус.
„Има три заштитни зони. Првата е зона на забрана, втората е на ограничување и третата на епидемиолошко следење. Таму има оформена, но не е направена прва заштитна зона и како второ на филтер станицата може да се коригираат и миризот и вкусот, или со озонирање или со употреба на активен јаглен“, објаснува доктор Давидовски.
Токму од филтер станицата градот добива дополнителни 100 литри вода во секунда, покрај постоечките 300 литри, во овој период за задоволување на потребите на граѓаните.
Данијела Билбилоска