Вести Македонија Топ вести

Во Прага прва средба на Европската политичка заедница, Македонија ќе бара помош за справување со енергетската криза

Македонија и Украина го надградија Договорот за слободна трговија и меѓусебно обезбедување на храна. Двајцата премиери потписот го ставија утрово во Прага, на првата средба на европската политичка заедница.

Енергијата ќе биде една од главните теми на состанокот на земјите-членки на ЕУ и нивните сојузници. Освен членките на Унијата, на Самитот се поканети и шесте земји од Западен Балкан, потоа Молдавија, Грузија, Украина, Турција.

Тема ќе биде војната во Украина и обидот да се усогласи заедничката безбедносна политика. Европските челници и натаму тврдат дека не станува збор за замена на проширувањето, туку за посилни врски и усогласување на политиките со земјите кои сега не се членки на Унијата или не сакаат да бидат дел од блокот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе