Вести Македонија Топ вести

Владата со рестрикции за 15 македонски државјани кои се бореле за ИСИС и ИД во Ирак и Сирија

Десет лица од Скопје, по двајца од Куманово и од Гостивар и еден од Струга се наоѓаат на листа на македонски државјани кои се бореле на страната на ИСИС и Исламска држава во Ирак и во Сирија. Најмладиот на списокот има 26 години, а највозрасниот 57 години. Нивните имиња се објавени во најновниот број на Службен весник.

Сите тие се опфатени со одлуката на Владата од 13 септември за воведување на финансиски мерки против тероризам и ширење на оружје за масовно уништување и нивно финансирање. Со шесте члена од одлуката се воведуваат рестрикции за тие 15 лица за користење, пренос, трансфер, конверзија ил идруг вид на раполагање со имот, забрана за ставање на располагање на било каков имот, како и забрана за воспоставување или продолжување на деловен однос.

Петнаесетте лица се надвор од државата и против нив се рапишани меѓународни потерници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе