Вести Македонија

Заедничка оценка на премиерот Ковачевски и евроамбасадорот Гир: Скрининг процесот оди добро

Скрининг процесот со Европската Унија (ЕУ) се одвива добро, е заедничка оценка на премиерот Димитар Ковачевски и евроамбасадорот Дејвид Гир по нивната денешна средба во Скопје.

На средбата била изразена и поддршка за следните чекори на патот на евроинтеграциите на Северна Македонија, со цел непречен тек на преговарачкиот процес.

Констатирано е дека напредокот на евроинтеграциите е од значење и за квалитетот на живот на граѓаните на нашата држава и за стабилноста на ЕУ, поради што од клучно значење се сметаат фокусот, довербата и инклузивноста на сите страни, во овој процес.

„Разговарано е за важноста и од натамошно унапредување на реформскиот процес, посебно во областа на правосудството и изразено е заедничко очекување на резултати базирани на професионални капацитети, принципи и интегритет, се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.

На средбата се разговарало и за други актуелни прашања, посебно околу последиците од војната во Украина во глобални рамки и предизвиците во енергетската сфера со што се соочуваат Европа и светот, при што била изразена согласност за потребата од солидарен пристап при разгледувањето можни решенија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе