Вести Македонија

ССМ: Исплатени трите заостанати плати во Водостопанство Скопје

Исплатени се трите заостанати плати во Водостопанство во државна сопственост Скопје, како резултат на синдикалните активности, информираше денеска Сојузот на синдикатите на Македонија.

-Активностите на АГРО Синдикатот и Сојузот на синдикатите на Македонија дадоа конкретни резултати и во петокот на вработените во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје им беше исплатена една од трите заостанатите плати , а во текот на денешниот ден им се исплатени уште две заостанати плати, неведе во соопштение ССМ.

Оттаму дополнуваат дека работниците и членовите на синдикалната подружница во АД Водостопанство на РСМ, заедно со АГРО Синдикатот и ССМ, по неколку месечната борба со раководството на АД Водостопанство и претставниците на Владата, обезбедиле исплатата на заостанатите плати на работниците да се случи на крајот на минатата и почетокот на оваа недела. На исплатата, потсетува ССМ, претходеше и подготовката на штрајк во претпријатието по завршување на сите законски рокови кои истекоа минатата недела за почнување на штрајкот и кој ќе се случеше доколку раководството и Владата не ја разбереа јасната заедничка порака на работниците и ако не ги исплатеа заостанатите плати на вработените.

-Борбата на синдикатот не запира овде. На АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје му е потребна промена во однос на усогласување на платите со Законот за минимална плата и надминување на другите внатрешни отворени проблеми со кои ќе се овозможи одржливо функционирање на Акционерското друштво во иднина, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе