Вести Македонија

Саботажа или кражба на кабел од влечен мотор – локомотива на Железница Транспорт надвор од функција

Украден е кабел од влечен мотор на локомотива во кругот на ЖРСМ Транспорд АД Скопје, поради што таа не е во функција.

  • Во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, во Одделот за одржување на влечни средства, утврдена е извршена кражба на кабел од влечен мотор од локомотива серија бр. 642 и делови и кабли од манипулатор. Поради кражбата на деловите и дополнителните оштетувања, оваа локомотова не е повеќе во возна состојба, со што е направена енормна штета на компанијата, имајќи ги предвид малиот број на возни средства со кои располага истата, наведуваат во соопштение од ЖРСМ Транспорт.

Кражбата е пријавена до Министерството за внатрешни работи и е утврдена фактичката состојба од страна на Одделот на криминалистичка техника, со што е започната истражна постапка.

  • Бидејќи кражбата е извршена во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, стојат претпоставките дека оваа кражба не претставува ништо друго, туку саботажа на работењето на компанијата, стои во соопштението.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе