Вести Македонија

Рано е да се предвиди колку ќе траат преговорите на Македонија со ЕУ

Во оваа фаза никој не може да предвиди колку ќе траат преговорите на Македонија со Европската унија за членство, но земјата има добра стартна позиција за тие да бидат брзи – членството во НАТО, целосната усогласеност на нејзината надворешна политика со таа на Унијата и тоа што за Македонија многу земји-членки имаат позитивни мислење.

Ова е ставот на поранешниот главен преговарач на Хрватска со Европската унија, Владимир Дробњак, ангажиран како консултант на македонската влада за процесот на преговори. Дробњак кој денеска на брифинг за новинарите го објаснуваше процесот на преговорите и нивното значење, рече дека фокусот не треба да биде толку на датумот, туку на позитивните промени кои тој процес ги носи за целото општество.

На брифингот вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската унија, Бојан Мариќиќ, информираше дека имињата на првиот економист, првиот правник и првиот антикорупционер, во преговорите од македонска страна, ќе бидат познати до почетокот на ноември кога земјава на Европската комисија ќе треба да и презентира до кој степен и е усогласено националното законодавството со европското во поглавјата од Кластерот – Темели, но и да ги презентира и роковите и плановите до кога тоа целосно ќе биде усогласено.

Мариќиќ информираше дека првиот економист, ќе ги координира крупните економски прашања што ќе се појават во текот на преговорите, првиот правник ќе треба да ги решава сите главни прашања кои ќе се отворат во текот на преговорите и да го подготви Договорот за членство на Македонија со Европската унија, а главниот антикорупцинер ќе има улога да ги проверува антикорупциските мерки во секоја област што ќе се отвори во преговоритее за членство.

Инаку на 12 октомври се очекува Европската комисија да го објави новиот Извештај за напредокот на земјава, во кој Мариќиќ не очекува дека ќе има изненадувања и смета дека ќе биде позитивен за земјава.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе