Вести Македонија

Маричиќ: Очекувам позитивен Извештај од Европската комисија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека следната недела ќе пристигне Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и дека истиот очекува да биде позитивен.

„Очекуваме позитивен Извештај кој несомнено ќе биде наш водич за следните реформи и активности, со сите негови добри и помалку добри оценки. Ова ќе биде прв Извештај од почетокот на преговорите и не очекувам да има некакви изненадувања“, рече вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со Унијата, Маричиќ брифираше и дека од 7 ноември, со почетокот на билатералните состаноци, ќе има разделување со албанскиот преговарачки тим, и дека одделно ќе го продолжиме билатералниот скрининг.

Маричиќ навести дека во фокус на скринингот ќе бидат владеење на правото, реформа на јавната администрација и функционирање на демократските институции во земјава, за што се очекуваат патокази за сите три области до март идната година. Првите два се задолжителни и без нив не може да се отвори Кластерот, додека пак патоказот за функционирањето на демократските институции е доброволен, но е добро да го имаме и него изготвено, вели тој.

На прашањето за уставните измени и внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот, Маричиќ истакна дека тоа е обврска која сме ја презеле и дека не би било добро да го завршиме скринингот, а да не ги имаме завршено останатите обврски, додавајќи дека тоа би значело и прекин на преговорите со Унијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе