Вести Македонија

Ковид биланс за изминатите три дена: Нови 108 случаи, починаа три лица

Стои и осум нови случаи, три починати лица и 135 оздравени пациенти е билансот на ковид-19 за изминатите три дена, информираат од Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од направени 976 тестови, нови случаи на ковид-19 се регистрирани во Скопје – 83, во Прилеп – пет, во Штип – четири, во Битола, во Тетово, во Кавадарци, во Кичево и во Кратово – по два, во Куманово, во Охрид, во Струмица, во Гевгелија, во Неготино и во Македонски Брод – по еден.

Во изминатите три дена се пријавени три починати лица од кои две од Охрид (81 год. и 89 год.) и едно од Кратово (72 год.).

Досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 милиони тестови на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.069, бројот на оздравени пациенти е 333.067, на починати е 9.537, а бројот на активни случаи изнесува 465.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе