Вести Македонија

Јанкуловски: Припаѓањето на УКИМ е чест, но и одговорност

Ниту една дигитална платформа и алатка без која не можевме да функционираме во изминативе две години на пандемија не може во виртуелниот простор да ја долови денешната атмосфера, припаѓањето на УКИМ е чест, но и одговорност. Со овие зборови  ректорот Јанкуловски им посака добредојде на бруцошите и нивните професори на првиот академски час на УКИМ.

  • Пред сите нас стојат многу предизвици, наша задача, наша желба е да ви пренесуваме знаења, да ве воведуваме во непресушните извори и светските научни дострели на фундаменталните и на апликативните наукиДенес започнувате со нова развојна етапа која бара сериозен пристап, затоа што суштински ќе ви ги дефинира и ќе ви ги насочи вашите животи- проф.д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ.

Студентите велат дека имале мноштво дилеми каде да го продолжат своето високо образование, во која мера се вреднува знаењето денес во земјата во која живеат и се образуваат. Сепак се радуваат на средбата со новите колеги и професори.

За  оние кои се одлучија да се запишат на Еконмскиот факултет секое време носи нови предизвици, во овој случај тоа е економската криза и тешката зима која се најавува  е причина секој да го даде својот максимум во дејноста во која би бил вистински професионалец.

  • Може да биде полошо секогаш, но оптимизмот е на високо ниво. И подобро да гледаме на подобро, одошто да бидеме песимисти. Затоа што како гледаме на работите така и ќе се одвиваат. Оптимист сум и мислам дека доаѓаат подобри времиња.

Со Конкурсот за упис на додипломски студии во учебната 2022/2023 година, на Скопскиот универзитет беа  слободни 10 918 места: 5306 за редовни студенти финансирани од буџетот кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. За редовни студенти кои ќе плаќаат школарина од 400 евра беа наменети 4522 места и 1090 места за вонредни студенти.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе