Вести Македонија

Груби: Промена во Владата ќе има, Пенов на местото на Милевски

Промена во Владата, секако, ќе има по оставката на Горан Милевски и предлогот на ЛДП за негов наследник во Министерството за локална самоуправа да биде Ристо Пенов, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, додавајќи дека за какви било други промени останува да одлучат лидерите на политичките партии.

„Јас не сум тој што одлучува, јас сум тој што извршува. Јас сум во Владата за да извршувам, а не да размислувам по однос на овие прашања. Има кој размислува за тие прашања. Има претседател на партијата, органи на партијата, кои што ги носат одлуките. Јас ги извршувам тие одлуки, рече Груби при посетата на Струга.

Коментирајќи ја средбата на Блерим Беџети и Изет Меџити, кои се дел од т.н. „огнена група“ со независниот пратеник Кастриот Реџепи и дали постои можност за губење на парламентраното мнозинство, Груби одговори дека на земјата и треба стабилно парламентрано мнозинство и одговорност од сите кои треба да придонесат во реализација на целите за зачленување во ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе