Вести Македонија

Африканска свинска чума и во Кумановско

Во одгледувалиштата во кумановските села Умин Дол, Ново Село и Љубодраг е регистрирана појава на африканска чума, соопшти општинскиот штаб за заштита и спасување, кој денеска заседаваше заради појава на свинската болест.

Штабот ги информира граѓаните дека свинската болест не е штетна за човекот и други животни кои, пак, се потенцијални преносители.

„Забрана за движење и промет на свињи, вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и идентификација на сите свињи на одгледувалиштата во рок од седум дена, се мерките кои се однесуваат за селата Умин Дол, Ново Село и Љубодраг во Општина Куманово“, се наведува во соопштението.

Ветеринарните друштва ќе извршат и клинички преглед во одгледувалиштата со земање на примероци (полна крв) за вирусолошко испитување од свињите во секое одгледувалиште, воведена е забрана за колење на свињите во домашни услови, сè до добивање на негативен резултат.

Штабот им препорача на одгледувачите на свињи, кои гравитираат на целата територија на Општина Куманово, да ги следат препораките на надлежните институции и да се придржуваат до истите. .

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе