Вести Македонија

Студентите по две години утре на настава со физичко присуство

Студентите се враќаат во клупите по две години ковид пауза. На техничките факултети се пополнуваа приемните документи за новата година. Најголем дел од студентите од втора или трета година воопшто не знаат како изгледа наставата на факултетите и ова ќе биде новина и голем предизвик за нив.

Тешката енергетска криза е дополнителен проблем, ако снема струја на факултетите наставата може да се врати онлајн.

За студентите, од една страна онлајн наставата е лоша бидејќи не го дава потребното знаење како со физичко присуство, а од друга страна наставата со физичко присуство ќе предизвика дополнителни финансиски трошоци за сместување на студентите од другите градови, за сметки, превоз и дополнители потребни трошоци.

Веб страната на МОН беше падната со недели и преставуваше дополнителен проблем на студентите да се информираат за нивните права. Лани почна да се дододелува и студентски оброк на секој студент кој изнесуваше 120 денари дневно, а неизвесно е како оваа година ќе се реализира истиот. Минатата година се зголемија и стипендиите, но тоа не важеше за корисниците на стипендии од претходните години, за што го прашавме и новоизбраниот студентски претседател.

Студентите од ФИНКИ се жалат дека немаат зграда, но имаат пониски цени за презапишување предмети кое изнесува 1.200 денари, додека пак на Правниот факултет цената е 8 евра од кредит, а секој предмет носи по 6 кредити значи за презапишување на еден предмет на Правен се потребни 50 евра- премногу за младите студенти.

Новата академска година почнува со многу проблеми, универзитетските професори бараат повисоки плати и најавуваат можен штрајк. Но главната разлика е тоа што после две пандемиски години- студентите ќе се вратат на факултетите.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе