Вести Македонија

Саем ЛАГ Експо: Повеќе средства за да се подигне квалитетот на животот во малите населени места

Повеќе средства за рурални проекти бараат Локалните акциски групи за да се подигне квалитетот на живот во малите населени места. Досега, тие кубурат со средства и тешко ги реализираат зацртаните цели, за што бараат поголема пдодршка од Министерството за земјоделство.

Во Југоисточниот регион постојат неколку Локални акциски групи. Онаа што ги обединува општините Конче, Карбинци, Радовиш и Штип е наречена Плачковица и работи четири години. За оваа акциска група проблем се покажала слабата екипираност на платежната агенција која доцнаела и при контролите и при исплатата на средствата за локалните акции.

Иницијативите и идеите на Локалните акциски групи се презентираа пред граѓаните на Радовиш во рамките на годинешниот саем ЛАГ Експо 2022 организиран од македонската и балканската мрежа за рурален развој и поддржан од УСАИД.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе