Вести Македонија

Почна еутаназијата и уништувањто на свињите во општините Карбинци и Штип

Свињарството кое врти околу 180 милиони евра со последниот случај на африканска свинска чума во Карбинци трпи големи штети. Почна еутаназијата и уништивањто со комирцијална искористеност на свињите во општините Карбинци и Штип. Во овој регион има фарми во кои се одгледуваат по неколку стотици или илјадници свињи, со што бројката на уништени свињи од јануари, па во текот на овој месец ќе биде неколкуратно зголемена.

Со оваа пандемија во земјава ќе се искорени семејното одгледување на една до две свињи во одгледувалишта во висок ризик, или народски кажано во кочини. Бабовски вели дека со помош на Агенцијата граѓаните можат да ги направат своите одгледувалишта со стандарди.

Акцијата на депопулацијата на свињи  во штипско-карбинскиот регион ќе трае онолку колку одгледувачите се кооперативни со тимовите на Агенцијата за храна и ветеринарство. Досега обештетени се одгледувачите на свињи во делчевскиот регион, а се подготвуваат решенијата и за одгледувачите во кочанскиот и виничкиот регион. Бабовски апелира граѓаните и одгледувачи на свињи да се придржуваат на мерки и да не си дозволат да го шират вирусот од регион во регион, бидејќи тоа е кривично дело, за што има и затворска казна. Во земјава африкаснката чума се појави во делчевско Драмче, домашните свињи беа зараени од диви свињи. Според податоци засега не сме увозно зависни од свежо свинско месо, имаме околу  140.000 свињи, кои најмноу се одгледуваат во фармите , во штипско-карбинскиот, велешкиот, овчеполскиот, скопскиот и гевгелиски регион.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе