Вести Македонија

Локалните самоуправи кројат планови како да заштедат струја

Ќе се гаснат уличните светла, ќе се реорганизира работното време во институциите кога е најстудено, ќе се внимава на секој потрошен киловат час електрична енергија. Локалните самоуправи кројат планови како да заштедат струја, откако добија трипати повисоки сметки од минатата година.

Тетовскиот градоначалник, вели дека ќе ги почитуваат владините мерки за штедење, а за да се заштитат од ценовните удари ќе се формира јавно претпријатие за менаџирање на јавното осветлување.

 „Во рамките на ЗЕЛС имавме информација дека ЕВН ќе прифати, доколку ги исполниме законските услови, да влеземе во регулираната цена, затоа што сега пазарната цена е 10 пати повисока и претпријатијата не можат да се носат со тие трошоци, така што ќе предложиме до Советот да се формира претпријатие кое ќе менаџира со јавното осветлување“, вели тетовскиот градоначалник Биљал Касами.

Во општина Ново Село ќе се редуцира улично осветлување со поставени тајмери, односно ќе се гаси во периоди кога сите се дома.

 „Мораме да прекинеме од некои осветлувања во текот на ноќта, во кои гражаните заради школска година, заради работни операции не поминуваат толку долг период, така што постеено заедно со Советот на општината и во консултација со граѓаните, ќе ги преземеме новите мерки, но како што добивме допис од Владата, дека мораме минимун 15% да заштедиме енергија, сметам дека ќе успееме да заштедиме и повеќе од тоа“, рече градоначалникот на Ново Село, Ѓорге Божинов.

Гостиварскиот градоначалник вели дека сите директори добиле насоки да се заштети што повеќе електрична енергија, се со цел сметките да се што помали.

„Идејата е можеби кога ќе биде најладно тој период да предложиме 6 часа работно време. За училиштата веќе се дадени препораки и насоки, спортските сали да не се користат, часовите по физичко да се одржат со теоретска настава во училниците, по ходниците да не се пушта осветлување и затоплување“, вели Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар.

Градоначачникот на Кочани, пак, смета дека проблемот со високи сметки на јавните претпријатија не може да се реши само со штедење, туку треба државата да помогне.

 „Мора системски со одлука на државата во надминувањето на овој проблем. Не можеме да се водиме од бизнис логиката. Ние сме должни да испорачаме вода до крајните корисници, ние сме должни да го собираме сметот од граѓаните, ние сме должни да организираме работа на локалните училишта и сме должни да го обезбедуваме јавнот оосветлување во градот“, вели Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Откако предлогот на полошките градоначалници за продолжен зимски распуст или онлајн настава во училиштата како најголеми потрошувачи, првично не наиде на поддршка, првиот човек на Тетово причината ја лоцира во политичката позадина.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, пак, во телевизиско гостување изјави дека децата многу изгубија во време на ковид пандемијата и не треба да губат повеќе. Тој информираше дека потрошувачката за петте месеци, од ноември до март, за сите училишта на ниво на државата е околу 10 гигават часови и тоа може да се обезбеди преку ЕСМ и потенцираше дека ќе најдат решение.

Данијела Билбилска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе