Вести Македонија

Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски имал мала сообраќајна незгода- никој не е повреден

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој учествуваше на 25-тата конференција на началници на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД- Јадранската повелба, при  враќањето во текот на вчерашниот ден низ Косово имаше помала сообраќајна незгода со појава на оган на автомобилот со кој се превезувал, информираат од Министерството за одбрана.

Имено, во тек на движењето по автопатот помеѓу Коморане и Приштина во доцните попладневни часови, на автомобилот ненадејно избива оган кај моторниот дел при што благодарејќи на брзата интервенција на возачот и обезбедувањето истиот е изгаснат за многу кратко време.

Генералот Ѓурчиновски заедно со членовите на делегацијата и обезбедувањето го продолжиле патувањето со останатите возила и се вратени дома. Возилото кое веднаш по првиот знак на палење безбедно е тргнато од сообраќај, а по гасењето истото е транспортирано во Република Северна Македонија, информираат од Министерството за одбрана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе