Вести Македонија

Дејвид Гир: Во С.Македонија социјалното претприемништво е во својата почетна фаза

На платото пред Центарот на социјални претпријатија во Скопје денеска се одржа петтиот по ред Фестивал на Цивика мобилитас  чија главна тема беше „Враќање на граѓанскиот простор“, каде 100 организации ги презентираа своите активности и производи.

Саемот го отвори амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман која нагласи дека граѓанското општество нуди поддршка, им помага на јавните институции онаму каде што е потребно.

Евроамбасадорот Дејвид Гир во својот говор истакна дека во ЕУ социјалните претпријатија сочинуваат десет отсто од сите бизниси, а 13 милиони луѓе, што значи шест отсто од вработените во ЕУ, работат токму во социјалните претпријатија. Во Македонија социјалното претприемништво е во својата почетна фаза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе