Вести Македонија

Трагедијата кај Ласкарци и екс-министерката Канческа Милеска во закочени судски процеси поради маратонско траење на супервештачења

Коалиција за правично судење утрово објави фрапантни бројки за два одложени судски процеси поради тоа што Бирото за судски вештачење не изработува супер вештачење побарано од судот.

Бројките се однесуваат на денови од барањето на супервештачењето до сега. Цели 315 дена не е изработено супервештачење за трагедијата кај Ласкарци кога автобус на Дурмо турс излета од автопатот Скопје-Тетово и загинаа 16 патници. Обвинети се сопственици и раководители на фирмата и на станицата за технички преглед поради менување на податоци за автобусот кои придонеле неисправен автобус да сообраќа и превезува патници.

Судот по барање на дел од обвинетите побара собраќајно супервештачење на 11-ти ноември лани по што процесот е во прекин речиси цела година. Несреќата се случи пред повеќе од 3 и пол години (февруари 2019-та година) и досега нема никаква одговорност за жртвите. Обвинет е и возачот кој ја преживеа несреќата.

Вториот случај кој се одолговлекува поради маратонско супервештачење е Тендери каде е обвинета поранешната министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска (која по обвинението гласаше за уставните промени од Преспанскиот договор и беше исфрлена од членство во ВМРО-ДПМНЕ).

Супервештачење не е изготвено цели 110 дена, а судењето за Тендери досега 5 пати веќе е враќано на почеток.

Истрагата за Тендери СЈО ја отвори во 2016 година, а судењето почна две години подоцна и се уште не е завршено.

Првообвинета е поранешната министерка за култура Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, од проектот „Скопје 2014“. Обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки.

Според обвиниението, обвинетите овозможиле зделката да ја добие „Бетон” од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон” од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи.

Супервештачење се врши по барање на судот откако двете вештачења на обвинителството и на одбраната нема да му овозможат на судечкиот совет да ги утврди целосно фактите или се крајно спротивставени. Во законот нема определен рок за изработка, туку е предвидено тоа да се стори во најкус можен рок.

Со барање и неизработување на супервештачење се одолговлекува постапката во суд која може да доведе до застарување на делото и до неефикасна правда за жртвите и оштетените во кривичните дела. Тоа е видливо особено со случајот со несреќата кај Ласкарци.

Миомир Серафиновиќ

Во продолжение емисијата КОД емитувана на тригодишнината од најтешката автобуска несреќа на територија на Македонија по осамостојувањето.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе