Вести Македонија Топ вести

Нов референдум – ново референдумско прашање

„Дали сте за продолжување на преговорите со Европската Унија, со прифаќање на собраниските Заклучоци од 16-ти јули 2022?“ Вака гласи референдумското прашање што го предлага Левица со новата Иницијатива. На ВМРО ДПМНЕ му е драго што повторно ќе се разговара за референдум,  а СДСМ го нарече уште еден обид за неуставно сопирање на евроинтеграциите.

Во последните 20-тина дена, втор обид на опозициските партии за иницирање референдум поврзан со евроинтеграциите. Наредната недела, Левица ќе поднесе во ДИК иницијатива со референдумско прашање: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските Заклучоци од 16-ти јули“? Партијата објаснува дека се работи за продолжување на духот на протестите кои летово се одржуваа против „бугаризацијата“ и „францускиот предлог“, па и  наративот на прашањето би бил „против“ а не „за“. Левица е уверена дека формално-правно е невозможно да се одбие ваква иницијатива бидејќи не се преиспитува директно францускиот предлог, туку заклучоците што ги усвоило Собранието.

ВМРО ДПМНЕ `се уште не дава поддршка, но изразува задоволство што ќе се разговара за референдум како опција која им овозможува на граѓаните да го изразат своето мислење.

  • ВМРО ДПМНЕ: Очекуваме во наредниот период иницијаторите суштински да го објаснат прашањето пред граѓаните. Потоа – ќе излеземе со став.

СДСМ оцени дека се работи за уште еден обид на Левица и на ВМРО ДПМНЕ за сопирање на евроинтеграциите.

  • СДСМ: Криминалната антиевропска коалиција го бара спасот за својата политичка кариера само преку блокади и назадување на државата. Со ваквите очајни потези, тие само дополнително се бетонираат во опозиција. Северна Македонија ги почна преговорите со ЕУ и наша обврска е на брза лента да се движиме напред.

Пред два месеца,  во отсуство на ВМРО ДПМНЕ и Левица, мнозинството со 68 гласа „за“ ги усвои посочените заклучоци по Информацијата на Владата за преговарачкиот процес со ЕУ, односно за предлогот на претседавачот Франција.

Во тридневната жолчна расправа се користеа вувузели, транспаренти, гласни извици, навреди и обвинувања, а за малку беше избегнат физички инцидент. За опозицијата, остануваат спорни точките 1 и 3 од Заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ кои се однесуваат на Преговарачката рамка и на францускиот предлог.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе