Вести Македонија Топ вести

МВР со детали за инцидентот во автобусот 51: Се скарал за седиште, па го избодел другарот и себеси

Полицијата соопшти детали за вчерашниот инцидент во автобусот број 51 кој се алучил во Кисела Вода.

Повредени се двајца малолетници откако се скарале со друго момче за седиште во автобусот.

Малолетник од Моране извадил нож, но прво го повредил другарот па себе иако нападнал трет средношколец.

Укажана им е лекарска помош, а обвинителството ја води истрагата. Во продолжение соопштението на МВР:

  • На 22.09.2022 во 19.33 часот во СВР Скопје е пријавено дека полициски службеник задржал две лица кои кај Стара Рампа, во автобус бр. 51 го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници, во која бил употребен остар предмет.

Имено, откако по вербална расправија за место за седење малолетник од с.Моране извадил остар предмет да нападне малолетник од с.Студеничани, не успеал во намерата и повредил малолетен другар од с.Студеничани, а се повредил и самиот.

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници обезбедени се сите учесници во настанот, двајцата малолетници со посекотини на рацете биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“.

За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Двајца малолетници од Моране и Студеничани завршија во ГОБ „Св.Наум Охридски“ со исеченици на дланките. Директорот на болницата, д-р Арсенков за Телма вели дека по укажаната помош едниот е пуштен на домашно лекување, а другиот поради повредена тетива е префрлен на Клиниката за пластична хирургија во клиничкиот центар Мајка Тереза.

Тепачка во автобус на ЈСП две момчиња прободени со нож

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе