Вести Македонија Топ вести

Владата и ЗЕЛС да најдат начин за спроведување на наставата со физичко присуство во грејната сезона бара СОНК

СОНК против предлогот на гостиварскиот градоначалник за онлајн настава , доколку се пропуштат часови со продолжениот зимски распуст поради штедење струја во зимските месеци. Од таму велат дека во пандемијата се покажало дека со онлајн настава учениците постигнуваат послаби резултати, а во ерергетската криза учењето од дома ќе зададе економски удар и на семејствата на учениците и на наставниците.на ист став се и од ВМРО- ДПМНЕ.

Владата и ЗЕЛС да направат анализи и да најдат начин за спроведување на наставата во училиштата со физичко присуство во грејната сезона, бараат од СОНК. Според претседателот Неделков, предлогот за онлајн настава не е добар ниту од аспект на квалитетот на стекнатото знаење, што се потврдило за време на пандемијата , ниту пак од економски аспект.

  • Со онлајн наставата се постигнуваат многу послаби резултати во однос на физичкото присуство. Тоа е едната причина. Втората причина е што со онлајн наставата се трошат ресурси и тоа домашни, приватни, како затоплување на домовите каде што учениците би биле присутни. Од аспект на Синдикат на нас уште како ни се важни трошоците што ќе ги прават вработените, односно наставниците од аспект на затоплување, интернет, компјутери и т.н – Јаким Неделков- претседател на СОНК.

Реакцијата на СОНК доаѓа по предлогот на гостиварскиот градоначалник упатен до МОН и ЗЕЛС, за кој сеуште не одлучила Владата. Таравари, предложи, за да се заштеди на сметките за струја кои повеќекратно се зголемија, зимскиот распуст да трае два месеци, изгубената настава да се надокнади онлај ,учебната година да продолжи до 30 јуни, а идната да започне на 15 август.

И од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа Владата да создаде услови за настава со физичко присуство. Од таму и испорачаа 6 барања.

  • Да ги покачи блок дотациите на општините. Училиштата од индустриска струја да ги префрли на тарифа како за домаќинствата. Да одреди, според временските прилики, неколку дополнителни пократки распусти, со обврзно продолжување на училишната година во месец јуни. Да не прави никакви скратувања во наставните програми . Секаде каде што е можно да воведе настава во една смена, или да го повлече почетокот на втората смена порано. Како антикризна мерка да ги спречи коалициските партнери, кои ја држат централната власт и дел од локалните самоуправи, да копаат криптовалути во училиштата и другите институции и установи. Така трошоците ќе бидат помали, а струјата ќе се реалоцира за тоа што навистина треба, вели Весна Јаневска- ВМРО-ДПМНЕ.

Од Владата велат дека со во комуникација со сите засегнати страни. Според нив, затоплувањето на училиштата е во надлежност на општините кои се должни да ги обезбедат потребните суровини за што МОН им префрла блок дотации.Образовните институции треба да бидат последни што ќе се затворат бидејќи  наставата со физичко присуство дава подобри резултати од таа што се спроведува онлајн , дополнуваат од Владата.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе