Вести Македонија

Оризопроизводителите од кочанско ги доставија барањата за да ја стартувааат годинашнава жетва

Оризовата арпа да се откупува од 40 до 45 денари, во спротивно Кочанско поле ќе остане пусто, во најбрз рок да се исплатат трите денари од килограм предадена арпа и тековните субвенции за 2022 година, со цел околу 2.000 оризопроизводители да ја стартуваа годинашнава жетва.

Ова се дел од барањата, кои во село Облешево директно му ги презентираа на државниот советник во Министерството за земјоделство, Трајан Димковски.

Димковски денеска од експертите во Институтот за ориз побара да ја утврдат производната цена на оризовата арпа.

Посочи дека почната е иницијативата оризот да стане стратешка култура и да се откупува за стокови резерви. Оризопроизводителите добија ветување и за субвенциите.

Според оризопроизводителите производната цена  за еден декар се движи  од 17 до 23.000 денари.

Жетвата на оризот стартува кон крајот на месецов. Побараа откупните пунктови да се отворат на 1 октомври.

Четири дена по големиот протест седнаа на маса оризопроизводители, претставници на власта, а попладнево Димковски има и средба со откупувачите.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе