Вести Македонија

Каде се гради во скопски Центар- и покрај таинствената администрација, Шанса за Центар успеа да нацрта мапа за да знаете од каде доаѓа буката и каде може да заглавите во сообраќај

Мапа со повеќе десетици вцртани градилишта објави независната советничка група на „Шанса за Центар“ кој соопшти дека и покрај тоа што барале општината да изготви таква мапа во интерес на граѓаните ниту добиле одговор за идејата ниту била изработена.

-Кога поднесовме амандман со барање да се објават овие податоци, ни го одбија. Наводно, требало да се провери дали овие податоци смеат да бидат јавно објавени. Изгледа уште проверуваат! Ние најдовме дека дел од податоците за градежните дозволи се објавени во Службените гласници на интернет страницата на Општина Центар. Тие локации ги ставивме на мапа, соопштија од Шанса за Центар.

Советничката група алармира дека имало и други градежни активности кои не биле забележани во службеното гласило на општина Центар. Доколку има прецизна мапа, граѓаните и општинската администрација со инспекцијата веднаш би знаеле каде има нелегални градежни активности и би биле пријавени, објаснуваат двајцата советници во Општина Центар.

-Има уште градежни дозволи кои ги издала општината за кои нема јавна информација. Ова се само дозволите за кои општината не успеала преку пошта да ги извести соседите дека блиску до нив ќе се градат објекти, па морале тоа да го објават јавно во Службениот гласник, соопштија од Шанса за Центар.

Според нив „Тоа што има уште дозволи, за кои ќе дознаеме дури кога ќе почне да никнува нов објект до нас, покажува колку е „таен“ целиот процес и систем за издавање градежни дозволи. Таму ниту граѓаните, ниту општинските советници не смеат да припарат!“

Интерактивната мапа може да ја видите на следниот линк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе