Вести Македонија

Историските лекции за средновековието засега без промена, нема детали за заедничко чествување на Гоце Делчев- заврши 20-тата средба на македонските и бугарските историчари

Започната дебата за средновековната историја, но ќе продолжи на наредната средба во октомври, МНР без многу детали соопшти за резултатите од сесијата на Мешовитата историска комисија која се одржа минатите два дена во Скопје.

Нема детали ниту за евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, за што било разговарано. Ова е прва средба на историчарите од двете држави по потпишувањето на протоколот и усвојување на таканаречениот француски предлог.

Целосното соопштение на МНР:

-Вчера и денес Комисијата за историски и образовни прашања ја одржа својата 20 седница. Врз основа на претходно утврден дневен ред членовите на Комисијата разговараа за учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев. Во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура. Со оглед на долготрајноста на дискусијата по оваа тема членовите на Комисијата не отворија други теми. Дискусијата по оваа и другите теми за учебниците по историја ќе продолжи на следната средба, која би требало да се одржи кон крајот на октомври оваа година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе