Вести Македонија

Штипјани ќе се изјаснуваат и на второ референдумско прашање од локален карактер?!

Доколку има референдум за договорот со соседна Бугарија, истиот ден и штипјани ќе се изјаснауваат на уште едно референдумско прашање, а тоа е „Дали средстватата од самопридонесот ќе може да се пренаменат за реконструкција на дотраената водоводна мрежа?“ Штипскиот градоначалник, Иван Јорданов смета дека на тој начин општината нема да троши дополнителни пари за организирање на референдум за средствата од самопридонесот.

55 милиони денари кои се на посебна сметка нема да бидат доволни за решавање на проблемот со водоснабудањето, замена на старата водоводна мрежа и обезбедување на вода за високите зони. Штип сѐ уште чека на средствата од ТАВ, кои беа наменети за изградба на карго аеродромот. Со 1,2 милиони евра треба да се изгради цевковод, но и резервоар, со што ќе се реши проблемот со водата за пиење во неколку населби и индустриските зони.

Јорданов пред неколку месеци побара да се забраза постапката околу изборот на фирмата за изградба на Водоводна линија два од средствата од ТАВ. Во земјава од средствата од карго аеродромот треба да се реализираат 94 договори со општините, во вредност од 49,7 милиони евра.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе